Како лидер во автомобилската индустрија кој секогаш се стреми кон врвни стандарди, Porsche Македонија го потврди своето партнерство со бизнис заедницата преку поддршка на престижниот настан „Работодавач на годината“, кој се одржа во хотелот „Лимак“.
Со присуство на водечките компании, лидери и професионалци од земјава, Porsche Македонија преку своето покровителство ја истакна важноста на корпоративната култура која ги става луѓето и нивниот развој во центарот на вниманието.

Во своето обраќање пред присутните, претставниците на компанијата потенцираа дека поддршката на ваквите иницијативи оди подалеку од традиционалното партнерство. Тоа е јасна заложба за подигнување на професионалните стандарди на македонскиот пазар и инвестирање во средина каде квалитетот, интегритетот и успехот се основните мерила за напредок.

„Веруваме дека вистинската вредност на една компанија не се мери само низ нејзините производи, туку низ луѓето кои ги движат промените. За нас, поддршката на оваа иницијатива е цврста определба да бидеме активен партнер во развојот на бизнис заедницата и постојан двигател на иновациите,“ истакнаа од Porsche Македонија.

Покрај институционалната поддршка на настанот, Porsche Македонија ја збогати атмосферата со изложување на своите најнови модели – Porsche Cayenne и Porsche Taycan, симболизирајќи ја врската помеѓу инженерската прецизност и лидерската визија.

Како официјален „Drive Partner“ и долгогодишен поддржувач на бизнис иновациите, Porsche Center Skopje продолжува да биде бренд кој се поистоветува со амбицијата, креативноста и стремежот кон извонредност – вредности кои ги споделуваат и најдобрите работодавачи во земјата.
























