Трамп: Сите во светот ѝ се смееја на Америка! Но повеќе не – никој не се смее

Макфакс

17/04/2026

17:13

193

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи за состојбата во земјата, тврдејќи дека САД во моментов се најдобрата земја во светот.

Својата оценка ја изнесе во објава на социјалната мрежа Truth Social, споредувајќи ја актуелната состојба со периодот на администрацијата на неговиот претходник Џо Бајден.

„Пред само кратко време, под поспаниот Џо Бајден, беше мртва, исмејувана во целиот свет!!!“, напиша Трамп.

Објавата ја заврши со пораката: „Но повеќе не – никој не се смее!!!“, потпишувајќи се како „Претседател ДЈТ“.

Претходно во текот на денот, Трамп се огласи и по објавата од Иран дека Ормускиот теснец повторно е отворен за целосна пловидба.

Тој порача дека теснецот е „целосно отворен и подготвен за работа“, но додаде дека американската поморска блокада поврзана со Иран ќе остане на сила.

Трамп нагласи дека блокадата ќе трае сè додека американската „трансакција“ со Иран не биде целосно завршена, додавајќи дека процесот треба да оди брзо бидејќи, како што тврди, поголемиот дел од клучните точки веќе се договорени.