Поради паркирање на сопствениот приод, сега му се закануваат дневни парични казни, и тоа поради детаљ што му побегнал од вниманието.
Наизглед обична соседска пријава започна низа настани кои еден сопственик на куќа во Америка би можеле скапо да го чинат.
Сè започнало кон крајот на јануари, кога еден сосед го пријавил пред Одборот за стандарди на заедницата состојбата на приодот на куќата на Кенет и Лорен Хардинг во населбата "The Villages" на Флорида, оддалечена околу еден час возење од Орландо. Во пријавата било наведено дека на приодот се наоѓаат три возила со истечена регистрација од различни сојузни држави.
По пријавата, Хардингови реагирале и ја обновиле регистрацијата за две возила – „Ford Escape“ и „Lincoln“, двата регистрирани на Флорида. Сепак, третото возило останало проблематично. Станува збор за „BMW“ серија 7 од петтата генерација со регистарски таблички од Масачусетс кои истекле уште во 2024 година, а возилото и понатаму стоело на приодот.
Поради тоа, Одделението за стандарди на заедницата издало предупредување и дало рок од пет дена ситуацијата да се доведе во согласност со правилата. Во спротивно, Хардингови ќе се соочат со казна од 50 долари дневно, сè додека не ја отстранат неправилноста.

Постојат два начина да се избегнат казните
Постојат два начина да се избегнат казните. Првиот е да се обнови регистрацијата за спорното возило, со што би можеле да го задржат на приодот. Втората опција е возилото да се премести во гаража пред истекот на рокот. Како што навел надзорникот на заедницата Том Свирс, двете опции се во согласност со правилата.
Ваквите случаи не се реткост
Ваквите случаи не се реткост во заедници кои функционираат под правила на здруженија на сопственици на куќи. Слични ситуации се бележат низ цела Флорида, каде строгите правила често предизвикуваат несогласувања меѓу жителите.
Еден сопственик на куќа, познат само како Ди Би, се соочил со казна бидејќи своето возило го оставил на приодот преку ноќ – и тоа исклучиво поради типот на автомобилот што го поседува. Иако верувал дека го штити државниот закон, се покажало дека правилата на заедницата имаат предност во пракса.

Во друг случај, на сопственик му било забрането да паркира повеќе автомобили на својот приод, но со детално проучување на локалните прописи и договорите со градот, успеал да пронајде начини да ги заобиколи ограничувањата и да го надмудри здружението на сопственици.
Приказната на Хардингови уште еднаш го отвора прашањето каде завршува правото на сопственост, а каде започнуваат правилата на заедницата – и колку еден превид може да чини.











