Угледен германски медиум распали по Реал Мадрид: Најлоши губитници во светскиот фудбал!

Дерби

17/04/2026

12:39

178

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид е на добар пат втора година по ред да остане без освоен трофеј, откако тимот на Алваро Арбелоа остана и без последната „сламка за спас“ на сезоната во средата во Минхен.

„Кралевите“ доживеаја болна елиминација со два примени гола во самата завршница, па сосема очекувано, тоа предизивка огромен револт меѓу гостинските играчи, кои одлучија да ги бојкотираат и сите медиуми по крајот на средбата.

Причина за тоа беше црвениот картон кој го заработи Едуардо Камавинга во критичен дел од мечот, но според Германците, тоа не беше доволно добра причина за да се остави толку лоша слика на теренот, но и во микс-зоната каде не се призна поразот.

Сите играчи на Реал го вперија прстот кон Славко Винчиќ и не побараа одговорност од Едуардо Камавинга кој направи навистина глупав потег, па сега угледниот германски медиум „Велт“ си даде за право да го нарече Реал Мадрид најлош губитник во светот.

– По крајот на натпреварот, сите играчи на Реал со голема жестина го нападнаа судијата на вербален начин. Поради тоа, Винчиќ мораше да му даде црвен картон и на Арда Ѓулер. Протестите ги продолжија и со избегнувањето на медиумите во микс-зоната, а сето тоа ги прави најлоши губитници во светскиот фудбал!

– Реал е елиминиран, па како и обично, за таквиот расплет го криви само судијата. Овој клуб веќе со години го губи респектот и достоинството. Лесно е да се биде достоинствен во победи, но големината се гледа во пораз. Да се потсетиме и на нивниот жалосен бојкот на „Златната топка“ бидејќи Винисиус не беше победник. Или на нивното патетично писмо до шпанскиот фудбалски сојуз во кое тврдеа дека судиската организација намерно суди против нив. Тоа се потези на лоши губитници, – гласи коментарот на „Велт“.