Блокадата на Ормускиот теснец силно ги притиска маржите на европските рафинерии

Макфакс

15/04/2026

15:11

142

Големина на фонт

а а а

Европските рафинерии во последниот период продаваат гориво со загуба, за разлика од оние во Азија и САД, покажуваат податоците на Меѓународната агенција за енергија.

Според извештајот, маржите за преработка на лесна нафта во северозападна Европа минатата недела изнесувале просечна загуба од 6,45 долари по барел.

Причина за слабата профитабилност е наглиот раст на цените на „физичката“ нафта, поврзан со фактички прекинатиот транспорт низ Ормуски теснец.

Иран воведе ограничувања за транзит на бродови поврзани со САД и нивните сојузници, додека САД најавија мерки за контрола на бродскиот сообраќај во регионот.

Во вакви услови, цената на барел нафта од Северното Море достигнала 148,87 долари, што е над нивото од 2008 година.

Падот на маржите укажува дека дел од европските рафинерии може да ја намалат преработката, особено оние со поедноставна технологија.

Во исто време, рафинериите во САД и Сингапур остваруваат повисоки маржи, делумно поради пониски оперативни трошоци и посилна побарувачка.

Аналитичарите предупредуваат дека доколку трендот продолжи, преработката во Европа би можела да се намали и до 500 илјади барели дневно.