Пожар избувнал во спортска обложувалница на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, во текот на ноќта.
Според информациите од СВР Скопје, настанот бил пријавен во 00:20 часот.
На местото интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, која го изгаснала пожарот.
Во инцидентот нема повредени лица, а извршен е увид за утврдување на причините за пожарот.








