Во моментов нема недостиг на гориво во Европската Унија, но наскоро би можело да се појави проблем со снабдувањето со гориво за авиони, изјави денес портпаролката на Европската Комисија.
„Во моментов нема докази за недостиг на гориво во Европската Унија, но во блиска иднина би можеле да се појават проблеми со снабдувањето, особено за гориво за авиони“, изјави портпаролката Ана Каиса Итконен на прес-конференција.
Таа додаде дека рафинериите на ЕУ покриваат околу 70 проценти од потребите за гориво за авиони, а остатокот доаѓа од увоз.
Војната на Блискиот Исток и затворањето на Ормутскиот Проток доведоа до нагло зголемување на цените на нафтените производи, особено керозинот.
Здружението на европски аеродроми минатата недела предупреди во писмо до Европската комисија дека Европа би можела да се соочи со недостиг на гориво за авиони доколку превозот низ Ормутскиот теснец не се обнови во следните три недели.
Портпаролката Итконен нагласи дека Комисијата тесно соработува со земјите-членки за да има целосна слика за залихите на гориво, капацитетите на рафинериите и алтернативните увозни патишта, што е суштинска информација за преземање какви било мерки.








