„Филипче ако се одмори за продолжениот празничен викенд, посвети се на консолидирање на СДС и огради се од криминалите на Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Макфакс

14/04/2026

10:16

148

Големина на фонт

а а а

„Венко Филипче и неговиот другар и ментор Зоран Заев очигледно овој продолежен празничен викенд беа спречени да заминат во Обединетите Арапски Емирати за да уживаат поради кризата на Блискиот Исток. Но, Филипче очигледно нашол друга дестинација“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо тоа, подобро ќе беше за него и неговото раководство да седнат и да поработат, да ја извадат СДС од живата кал во која ја втурнаа.

А излезот од ова е едноставен, јасно оградување од матните зделки и криминали на Заев додека СДС беше на власт.

Филипче може да почне со оградување од сомнителните пријатели и матни бизнис партнери на Заев како Миодраг Дака Давидовиќ, Александар Онишченко, Борче Марковски…Да не ги набројуваме сите вклучени во криминалните шеми на Заев. Секако, сето ова треба да биде предмет на разгледување и процесуирање од страна на надлежните правосудни институции.

И наместо оградување и консолидирање на СДС која е на раб на исчезнување поради другарувањето со Заев, Филипче се втурна во пишување статуси на социјалните мрежи, пишување на соопштенија за изборите во Унгарија и победата на Петер Маѓар и неговата Тиса, притоа измислувајќи некакви приватни бизниси меѓу Македонија со веќе опозиционерот Виктор Орбан.

Да му повториме и во оваа прилика, меѓу Македонија и Унгарија има вообичаена официјална комуникација и соработка меѓу две држави во различни области.

Добронамерен апел до Филипче, не измислувај, фати се за работа и консолидирај ја СДС. На секоја држава, како и на Македонија и треба функционална опозиција“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.