Убедливата победа на Петер Маѓар ѝ дава силен мандат на неговата партија Тиса за спроведување реформи и можност за одмрзнување милијарди евра од Европска Унија, пренесува Ројтерс.
Аналитичарите оценуваат дека очекуваното двотретинско мнозинство е најповолен исход за ЕУ и пазарите, кои веќе сигнализираат доверба и можен економски раст.
Сепак, постои претпазливост – новата власт ќе мора да ги исполни ветувањата, особено во делот на владеење на правото и борбата против корупцијата, за да се ослободат средствата.
Маѓар најави враќање на Унгарија како силен партнер на ЕУ и НАТО, како и приклучување кон европското јавно обвинителство.
Дел од аналитичарите предупредуваат дека ЕУ нема да ги исплати средствата само врз основа на ветувања, туку ќе бара конкретни резултати.








