[ВИДЕО] Ѓокереш даде бизарно објаснување за големата утка во обидот да избори реми на „Емирејтс“

Дерби

12/04/2026

12:51

250

Големина на фонт

а а а

Арсенал влезе во непосакувана криза во критичен дел од сезоната и тоа го потврди со трет пораз на последните четири натпревари, но овој во Премиер лигата доаѓа после тринеделна пауза во англиската елита.

Долгата пауза се чинеше дека ќе ги мотивира „топчиите“ за да се вратат на победничките патеки, но наместо тоа, избраниците на Микел Артета повторија бледа партија како против Манчестер Сити и Саутемптон во Куповите, па претрпеа пораз од Борнмут на домашен терен.

Арсенал не изгледаше добро во ниту еден момент и загуби со 1:2, а во самата завршница не го искористи ниту притисокот за да дојде барем до реми.

Најголемата шанса не ја искористи Виктор Ѓокереш кој во првиот дел погоди од пенал за 1:1, но најинтересно е тоа што напаѓачот на Арсенал си најде бизарно оправдување за големата утка од непосредна близина.

– На крајот имавме неколку добри шанси кои требаше да ги реализираме, но теренот беше сув и тоа не ни помогна. Без оглед на се, сите треба да се подобриме и да ги користиме шансите кога е време за такво нешто, – изјави Ѓокереш.