Иако станува збор за два ривали кои имаат целосно дијаметрални спротивни цели, дербито меѓу Барселона и Еспањол секогаш е доста тензично и носи голема жестина, но и голем број провокации на теренот и на трибините.
Така мина и вчерашното градско дерби кое се одигра на „Камп Ноу“, а на кое Еспањол се држеше до самата завршница, пред целосно да потклекне со два примени гола.
Барселона на крајот славеше со 4:1 и имаше добра увертира пред реваншот со Атлетико во Лигата на шампиони, но во финишот од градската пресметка, фановите на Еспањол во живо можеа да гледаат јасна провокација од големата ѕвеза на домаќините, Ламин Јамал.
Yamal becomes the first player in Laliga to celebrate before scoring a goal. 😂❤️ pic.twitter.com/g14AJAsrVO
— Omo Barca⚽️🖤 (@Tobs_fc) April 11, 2026
Крилниот фудбалер правеше дар-мар во одбраната на Еспањол со своите продори и дриблинзи по десната страна, а во моментите кога погоди за 3:1, режираше и сцена која е протолкувана како директна провокација.
Ламин почна да го слави голот уште пред да ја погоди мрежата, па овој негов потег дефинитивно ја подели јавноста во Каталонија и донесе измешани реакции меѓу фановите.








