Мицкоски: Велигден не е само празник на верата, туку и симбол на надежта, обновата и победата на животот над искушенијата

Макфакс

12/04/2026

10:06

202

Големина на фонт

а а а

Премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи упати честитка по повод празникот Велигден.

„Велигден не е само празник на верата, туку и симбол на надежта, обновата и победата на животот над искушенијата. Тој нè потсетува дека по секоја темнина доаѓа светлина, по секој предизвик – нов почеток, а по секоја жртва – заслужена надеж.

Свесен сум дека постојат неизвесности и предизвици, но нашата определба е јасна, да продолжиме со одговорни политики, да ја зајакнеме економијата, да го заштитиме животниот стандард и да создадеме сигурна иднина за сите.

Драги пријатели, во овие светли денови на Христовото Воскресение - Велигден, дозволете ми од срце да ви упатам искрени...

Posted by Hristijan Mickoski on Sunday, April 12, 2026

Во духот на овој голем празник, сакам да испратам порака на единство. Само заедно, со меѓусебна почит и разбирање, можеме да ја градиме државата каква што ја заслужуваме стабилна, праведна и напредна. Држава во која трудот се вреднува, а иднината се гради врз темели на доверба и одговорност.

Нека празничните денови ви донесат спокој, топлина и сила да продолжиме напред, посилни, пообединети и со јасна визија за иднината.

Христос Воскресе! Навистина Воскресе!“, порача Мицкоски.