[ВИДЕО] Заев и Филипче должат одговори дали бил договориле процент од продажбата на „Дака“ во Тетово, вели Петрушевски

Макфакс

11/04/2026

13:19

127

Големина на фонт

а а а

Врховниот лидер на СДС, Заев и неговиот чувар на фотелјата Филипче должат одговори дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на „Дака“ во Тетово, рече денес на прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски.

Тој направи и пресметка на заработката.

„200 милиони евра ќе заработел ’Дака’, благодарение на промената на детално урбанистичкиот план во Тетово кој СДС и ДУИ го носат ден по формирање на владата во 2020 година. 4 милиони евра заработил Заев за да му овозможи на прорускиот бизнисмен ’Дака’ да гради бетонска џунгла, се вели во аудио снимките на кои ’Дака’ и посредникот на Заев, Кичеец разговараат во детали. Затоа, СДС, Заев и Филипче се должни да одговорат дали бил договорен и процент од продажбата на становите кои во тоа време биле проценети на 200 милиони евра?“, рече Петрутевски.

Нагласи дека СДСМ Заев и Филипче биле спремни да направат с è , само да го наполнат својот џеб и го повика Јавното обвинителство да ги истражи сомнежите.