[ВИДЕО] Јаков Јозиновиќ емотивен на концертот во Скопје, не можеше да ги запре солзите

Макфакс

10/04/2026

16:29

938

Големина на фонт

а а а

Јаков Јозиновиќ испиша важна страница во својата музичка кариера во Скопје. Својот прв голем соло концерт го одржа пред преполна сала, а емоциите што ја одбележаа вечерта ги допреа и публиката и неговите следбеници на социјалните мрежи.

Младиот хрватски пејач, кој од ден на ден ја освојува регионалната сцена, ѝ подари на публиката вечер за паметење. Имаше хитови што обожавателите ги пееја едногласно, а атмосферата беше на врвот од самиот почеток. Сепак, најемотивниот момент се случи на самиот крај од концертот.


Набрзо се појави видео на социјалните мрежи, кое брзо стана вирално. Младиот Јаков не можеше да ги задржи солзите и кратко рече на микрофонот: „Ви благодарам, Скопје“, а потоа клекна и се поклони пред публиката.