Над 16.000 македонски државјани ја напуштиле земјата во последните 24 часа, најфреквентни ГП Табановце и Богородица

Точка

10/04/2026

15:00

591

Големина на фонт

а а а

Во период од само 24 часа, вкупно 16.014 македонски државјани ја напуштиле земјата преку граничните премини Табановце и Богородица, покажуваат податоците на МВР кои се однесуваат на интервалот од 9 април во 12:00 часот до 10 април во 12:00 часот.

Најголемиот дел од напуштањата на земјата се регистрирани на Табановце, каде се евидентирани 9.150 излегувања на македонски државјани. Во истиот период, преку овој премин во земјата влегле 3.158 граѓани, додека кај странските државјани се регистрирани 7.360 влезови и 5.449 излези.

Значителен проток е забележан и на јужната граница. На Богородица, 6.864 македонски државјани ја напуштиле државата, додека во обратен правец влегле 1.394 македонски државјани. Кај странските државјани се евидентирани 4.753 влезови и 5.070 излези.


Засилено движење на патници е регистрирано и на останатите гранични премини кон југ. На Дојран, во истиот 24-часовен период, од државата излегле 546 македонски државјани, додека преку Меџитлија границата ја преминале 832 лица кои излегле од државата.

Овој нагло зголемен интензитет на патувања се совпаѓа со почетокот на целосната имплементација на новиот систем за влез во Европската Унија. Станува збор за дигитален режим кој се воведува на надворешните граници на ЕУ и предвидува електронска евиденција на патниците од земји што не се членки, како и обработка на биометриски податоци, вклучително отпечатоци од прсти и фотографија.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се ставени во функција сите расположливи човечки и технички ресурси со цел да се обезбеди побрз проток на патници, но истовремено предупредуваат дека новиот систем може да значи подолго задржување на граничните премини при влез во Европската Унија.