Заминувањето на Душко Вујошевиќ во вечното почивалиште ја обои во црно цела спортска јавност во Србија во текот на вчерашниот ден, а со оглед на наследството кое го остави како вреден работник и максимално посветен професионалец, за легендарниот стручњак пристигнаа пораки од различни сфери, а не само од кошаркарското семејство.
Најтрофејниот тренер во историјата на Партизан почина на 68-годишна возраст и предизика огромна болка кај фановите на „црно-белите“, но пораки за благодарност пристигнуваат и од приврзаници на Црвена Звезда, меѓу кои и Новак Ѓоковиќ.
Славниот тенисер го испрати Вујошевиќ во вечноста со кратка порака на Инстсаграм профилот, но ја сподели и неговатат култна изјава за тоа како се „пали машината“.

– Душко, почивај во мир. Ти благодарам за се она што му го даде на српскиот спорт, – порача Ѓоковиќ во првото стори, а потоа ја сподели легендарната изјава.
– Ако се работи на начин на кој ние работиме, сигурен сум дека многу работи во Србија ќе бидат на европско ниво. Тоа е следниот критериум: Може да се погреши за каков играч станува збор, а може да се погреши и за каков играч ќе стане. Не смееме да погрешиме во тоа за каков човек се работи. Тука мора да имаме луѓе кои се подготвени да поправат туѓа грешка.
– Дури и кога некој ќе погреши со прикажана себичност, другиот играч не треба да го критикува. Наместо тоа, треба да спринта по топката како тој да направил грешка. Тогаш се пали машината….., – гласи култната изјава на Вујошевиќ.








