Порше Клуб Македонија заедно со АМСМ, како единствена мобилити членка на FIA внатрешни работи, на 07 април 2026 година го организираше едукативниот настан „Drive Smart – Drive Safe“, посветен на безбедното управување на спортски автомобили при групно возење и правила за организирање на групни автомобилски настани.
Овој настан претставува значаен чекор кон подигнување на стандардите за организација и реализација на автомобилски настани во земјата, особено во ситуации каде повеќе возила учествуваат во организирано движење низ градски услови, но и услови на возење на автопат.

Во рамките на програмата, учесниците имаа можност да се запознаат со:
• основни и напредни правила за движење во колона
• комуникација и координација помеѓу возачите
• безбедносни протоколи при групно и парадно возење
• препораки од институции и експерти за намалување на ризиците во сообраќајот

Преку оваа иницијатива, Порше Клуб Македонија ја потврдува својата посветеност не само кон автомобилската култура и заедницата, туку и кон одговорно и безбедно учество во сообраќајот.
Соработката со АМСМ, како дел од FIA, и Министерството за внатрешни работи, дополнително ја нагласува важноста на институционалната поддршка во едукацијата и подигнувањето на јавната свест за безбедноста на патиштата.

„Drive Smart – Drive Safe“ е дел од годишната програма на клубот и претставува еден од клучните настани во насока на професионализација и унапредување на клубските активности.
Настанот се одржа во Скопје, со почеток во 12:00h, на локација „Ragusa 360 Rooftop“.














