Папата го поздрави прекинот на огнот меѓу САД и Иран: „Знак на силна надеж“

Макфакс

08/04/2026

12:26

119

Големина на фонт

а а а

Папата Лав XIV денеска го поздрави договорот за двонеделен прекин на огнот меѓу САД и Иран со големо задоволство, нарекувајќи го „знак на силна надеж“.

Првиот поглавар на Католичката црква со потекло од Соединетите Американски Држави се појави во последните недели како истакнат критичар на војната во Иран. Вчера, тој рече дека заканите на американскиот претседател Доналд Трамп против Иран се неприфатливи, објави „Ројтерс“.

За време на општата аудиенција на плоштадот Свети Петар, папата Лав нагласи дека прекинот на огнот е „знак на силна надеж“ и дека војната може да се заврши „исклучиво со враќање на преговарачката маса“.