Калас: Ормускиот теснец мора повторно да се отвори за премин

Макфакс

08/04/2026

11:06

165

Големина на фонт

а а а

Европската Унија го поздрави договорот меѓу САД и Иран за двонеделен прекин на огнот, постигнат по неколкудневни закани од американскиот претседател Доналд Трамп за нови напади и откако Техеран и Израел потврдија дека се согласиле на привремен прекин на огнот.

Шефицата за европската дипломатија, Каја Калас, рече дека тоа е „чекор назад од работ по неколку недели ескалација“. 

„Ова отвора многу потребна можност за намалување на заканите, запирање на ракетите, враќање на навигацијата и создавање простор за дипломатија кон траен договор“, напиша Калас.

Таа додаде дека „Ормускиот теснец мора повторно да се отвори за премин“ и му се заблагодари на пакистанскиот министер за надворешни работи, Ишак Дар, за неговата улога во постигнувањето на првичниот договор.

„Вратата за медијација мора да остане отворена бидејќи основните причини за војната остануваат нерешени“, рече таа.