Настапува заладување, се враќа дождот

Нетпрес

08/04/2026

09:37

152

Големина на фонт

а а а

И во следните денови времето ќе биде постудено од претходно, односно следува период на променливо облачно и посвежо време, прогнозира УХМР

Во земјава времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, но сепак со сончеви периоди, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Ќе има услови за слаб локален дожд, но и ќе дува умерен до засилен, а наместа долж Повардарието и во источните делови, повремено силен северен ветер (над 70 km/h).

Во Скопје времето исто така ќе биде променливо облачно и посвежо, со сончеви периоди.


Во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

И во следните денови времето ќе биде постудено од претходно, односно следува период на променливо облачно и посвежо време, прогнозира УХМР.

И в четврток ќе дува умерен до засилен, а наместа долж Повардарието и во источните делови, повремено силен северен ветер (над 60 km/h).

В петок кон крајот на денот, во текот на ноќта, и в сабота, ќе има повремени локални врнежи од дожд.

Поради продор на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег.

Од утре утринските температури наместа ќе се спуштаат под нула Целзиусови степени.