Следува период на променливо облачно и посвежо време

Макфакс

08/04/2026

06:42

278

Големина на фонт

а а а

Променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Претпладне ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено силен северен ветер (над 70 km/h).

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен.

Во Скопје, променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Времето во наредните денови

Следува период на променливо облачно и посвежо време со утрински температури кои наместа ќе се спуштаат под нула степени. Во четврток ќе дува умерен до засилен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено силен северен ветер (над 60 km/h). Во петок кон крајот на денот, во текот на ноќта и во сабота ќе има повремени локални врнежи од дожд. Поради продор на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег.