Микел Артета во минатото знаеше да служи за потсмев поради методите кои ги користи за да извлече некоја поента и да ги мотивира своите фудбалери во соблекувалната, но шпанскиот стручњак сега го привлече вниманието и поради тренинг вежбите кои им ги зададе на своите играчи пред четвртфиналето со Спортинг Лисабон.
„Топчиите“ влегуваат како фаворити за пласман во полуфиналето во Лигата на шампиони, но најавата на вечерашниот меч мина во знакот на двете тренинг вежби кои наидоа на потсмев во јавноста.
Четири играчи на Арсенал беа групирани во различни тимови и имаа за задача да ја водат топката со глави, а потоа имаа за задача да направат нешто слично и користејќи пенкала.
Who knew Arsenal’s bank holiday training session would be based around a pen? 😅✍️ pic.twitter.com/vdpS5JzCpK
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) April 6, 2026
Овие методи на Артета ја збунија јавноста и наидоа на сеир во јавноста, а менаџерот на Арсенал не сакаше да открива кое е значењето на новите вежби и каква корист би имале играчите од нив.
– Ние живееме во сегашноста и знаеме дека мора да испорачаме нешто ново секој ден. Тоа е стандардот кој си ги поставивме и тоа е идентитетот кој сакаме да го изградиме во овој фудбалски клуб. Тренингот мора да се состои од различни елементи, мора да содржи нешто ново. Овие вежби се поврзани со пораките кои си ги испраќаме и обврските кои ги имаме, но нема да октривам за што се работи. Тоа останува во соблекувалната, – изјави Артета.








