Општина Карпош: Хуманитарни велигденски пакети за семејствата од социјален ризик

Макфакс

07/04/2026

13:04

104

Големина на фонт

а а а

Општина Карпош преку Одделението за детска, социјална и здравствена заштита и оваа година, традиционално, по триесет и четврти пат по ред, во рамките на хуманитарната акција, им подели повеќе од 140 хуманитарни пакети на граѓани и семејства кои се во социјален ризик.

Станува збор, појаснуваат од таму, за пакети со прехранбени продукти (зејтин, брашно, ориз, конзервирани и кондиторски производи) и хигиенски производи кои беа донирани од страна на учениците од општинските основни училишта, децата од јавните општински установи-детските градинки, како и од вработените во општинската администрација во Карпош.

„Оваа хуманитарна акција традиционално се одржува два пати во годината: еднаш напролет, по повод Велигденските празници, како и наесен по повод роденденот на Општина Карпош.

Заложбата на општинската администрација, како и на градоначалникот Сотир Лукровски, е и во иднина максимално да им се помага на нашите сограѓани и семејства кои се наоѓаат во зоната на социјален ризик, но и да им помага, согласно законските надлежности и ингеренции, да се позиционираат и да бидат конкурентни на пазарот на трудот, излегувајќи од сферата на социјалниот ризик“.