Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе има зголемување на платите во Министерството за внатрешни работи, изјави:
„Оваа година за нас е навистина тешка, посебно со случувањата во Заливот. Нешто за коешто веќе зборував, но тоа е што е, ќе се бориме. Сите Колективни договори коишто имаат обврска од 1 април, веќе започнаа да се применуваат. Вклучително и линеарното зголемување и усогласување со минималната плата кај вработените во Министерството за внатрешни работи. И тие ќе имаат зголемување на личниот доход. Така што како работодавач, ние практично се имаме усогласено со своите колеги во целост, мислам дека 97-98%. Така што можам да кажам дека барем до 2028 година, оној процес којшто го имавме зацртано, го заокруживме.“








