Бретон: Клучот за решавање на конфликтот на Блискиот Исток е во рацете на Иран

Макфакс

06/04/2026

11:32

140

Големина на фонт

а а а

И покрај заканите на американскиот претседател Доналд Трамп, клучот за решавање на конфликтот на Блискиот Исток е во рацете на Техеран, изјави денес Тиери Бретон, поранешен европски комесар за внатрешен пазар за периодот од 2019 до 2024 година, во првата администрација на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен

Бретон рече дека деблокирањето и отворањето на Ормускиот теснец, клучна поморска рута за глобалниот проток на гас и нафта, зависи исклучиво од волјата на иранската влада, пренесува BFM TV. „Оние кои ги држат клучевите за решението се Иранците, без разлика дали ни се допаѓа или не. Иранците се организираа и не се сами. Таа земја влезе во асиметрична војна, соочувајќи се со најдобрата армија во светот, и се подготви за тој конфликт“, тврди Бретон.

Според него, и покрај успехот на операцијата за спасување на американскиот пилот кој падна зад американските линии, Тиери Бретон сè уште го гледа Иран во силна позиција. „Кина испорачува компоненти, знаење, GPS координати. Пентагон почнува да се грижи, воените резерви се намалуваат. Доналд Трамп е под притисок, особено од американските гласачи“, истакна Бретон.

Рокот од 10 дена за деблокирање на Ормуз што американскиот претседател Доналд Трамп му го даде на Иран истекува вечерва, но тој го продолжи рокот за 20 часа и потврди на својата мрежа Truth Social дека новиот рок е вторник во 20:00 часот по источно американско време (ET).

„Иран преговара за премин низ Ормускиот теснец со земји како Филипините, сојузник на САД, со Виетнам и Тајланд. Ормускиот теснец не е затворен за сите. Се прават дипломатски напори во односите со Иран“, забележува Тиери Бретон и додава дека е логично бродовите на Американците и нивните сојузници да се блокирани и дека тоа го иритира Доналд Трамп.

„Американскиот претседател се закани дека пеколот ќе владее над Иран ако конфликтот продолжи. Тој би можел да нареди уништување на мостови или електрани, но тоа е злосторство против човештвото“, рече Тиџери Бретон, пренесува Танјуг.