Енергетски шок во Италија: четири аеродроми остануваат без гориво

Макфакс

05/04/2026

18:00

764

Големина на фонт

а а а

Четири клучни италијански аеродроми – Болоња, Милано Линате, Тревизо и Венеција – се соочуваат со сериозни ограничувања во снабдувањето со авионско гориво. Проблемот настана по известувањето од главниот снабдувач, компанијата „Ер БП Италија“, дека поради намалената достапност на енергенси, услугите за авиокомпаниите ќе бидат драстично ограничени, пренесува „Политико“.

Според италијанската новинска агенција АНСА, подружницата на британскиот нафтен гигант БП веќе ги известила превозниците за новиот режим на работа. Предност при точење гориво ќе имаат:

– Итни медицински и државни летови;

– Летови со времетраење подолго од три часа.

За сите останати летови се очекуваат рестрикции кои ќе траат најмалку до 9 април. Иако синдикатот на пилоти АНПАЦ смирува дека нема да дојде до масовни откажувања за време на велигденскиот викенд, тие предупредуваат дека проблемот ќе стане критичен доколку не се одблокира Хормушкиот теснец.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони вчера и денеска престојува во итна посета на земјите од Персискиот Залив. Целта на нејзината мисија е да обезбеди непречен пристап до клучните енергенси во екот на војната во Иран.

„Ќе преземам сè што е потребно за да ѝ гарантирам на Италија пристап до енергентите кои ѝ се неопходни во овој тежок период“, изјави Мелони за време на посетата.

Недостатокот на гориво, како директна последица на американско-израелската војна со Иран, веќе почнува да ги погодува и другите европски аеродроми. Меѓу најзагрозените се:

– Лондонски Хитроу и други аеродроми во Обединетото Кралство каде веќе се забележани прекини;

– Големи европски центри во Франција и Португалија