САД, Иран и медијаторите разговараат за 45-дневен прекин на огнот, објави Аксиос

Макфакс

06/04/2026

08:15

475

Големина на фонт

а а а

САД, Иран и група регионални медијатори разговараат за условите за потенцијален 45-дневен прекин на огнот што би можел да доведе до траен крај на војната, објави вчера Аксиос, повикувајќи се на четири американски, израелски и регионални извори запознаени со разговорите.

Ројтерс не можеше да ја потврди веста, бидејќи Белата куќа и американскиот Стејт департмент не одговорија веднаш на барањата за коментар.

Според Аксиос, медијаторите разговараат за условите на двофазен договор, при што првата фаза е потенцијален 45-дневен прекин на огнот во текот на кој би се преговарало за траен крај на војната. Втората фаза би била договор за прекин на војната.

Прекинот на огнот би можел да се продолжи доколку е потребно дополнително време за разговори. Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави за „Волстрит журнал“ дека во вторник навечер е неговиот рок за Иран да го отвори Ормускиот теснец или да се соочи со напади врз критичната инфраструктура.

„Ако не направат нешто до вторник вечерта, нема да имаат повеќе електрани и нема да имаат повеќе мостови“, изјави Трамп за „Журнал“.