Медведев предупредува: ЕУ се трансформира во воен сојуз, ова ја менува светската рамнотежа

Макфакс

03/04/2026

12:04

151

Големина на фонт

а а а

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека Европската унија се трансформира од економска во потенцијален воен сојуз, кој би бил изразито непријателски настроен кон Русија, пренесе РИА Новости.

Според него, поради внатрешните противречности во НАТО, Брисел сериозно разгледува воспоставување сопствена воена компонента, што ја менува глобалната безбедносна слика.

Медведев оцени дека Русија треба да го преиспита својот однос кон соседите што се приближуваат кон ЕУ, вклучително и Украина.

Тој додаде дека иранската кампања дополнително ги продлабочила поделбите во НАТО, а воедно ја коментираше и реториката на американскиот претседател Доналд Трамп за можно повлекување од алијансата, оценувајќи ја како шокантна, но претежно симболична.