Патнички воз во Русија излета од шините а најмалку 24 лица се повредени меѓу кои и четири деца, објави гувернерот на Чељабинската област Алексеј Текслер.
„Нема жртви. Според прелиминарните податоци, двајца патници имаат фрактури, едната фрактура на ногата, другата на клучната коска. Има 20 лица со модринки, меѓу кои и едно дете со повреда на ногата“, напиша тој на платформата MAX.
Инцидентот се случил во 06:26 часот по московско време, во близина на станицата Брјандино. Седум вагони од воз што сообраќал од Чељабинск до Москва излетале од шините. Сите патници биле евакуирани, меѓу кои и 65 деца.
🚨 In Russia, in the Ulyanovsk region, seven cars of a Chelyabinsk-Moscow passenger train derailed, Russian Railways reported. pic.twitter.com/7tGc4FS6Ux
— News.Az (@news_az) April 3, 2026
Возот превезувал вкупно 412 лица.
Истражниот комитет покрена постапка за прекршување на правилата за безбедност во сообраќајот. Спасувачи, лекари, истражители и кривични истражители пристигнаа на местото на несреќата.
Специјални возови, како и вагони за превоз на патници, беа испратени за санирање на последиците. Обвинителството започна истрага за да се утврди причината за инцидентот.








