Финскиот претседател разговарал со иранскиот: повик за прекин на огнот и отворање на Ормускиот теснец

Макфакс

02/04/2026

19:16

168

Големина на фонт

а а а

Финскиот претседател Александер Стуб изјави дека разговарал со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан и повика на итен прекин на огнот и дипломатско решение, пренесе Анадолу.

„Итно се потребни прекин на огнот и дипломатско решение“, напиша Стуб, нагласувајќи дека дијалогот мора да продолжи и покрај разликите.

Тој побара да престанат нападите врз соседните земји и да се отвори Ормускиот теснец, кој е речиси блокиран од почетокот на март поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.