Со покачувањето на платите, граѓаните може да купат по 2 килограми домати и краставици, табла јајца и 4 литри бензин, велат од СДСМ

Макфакс

02/04/2026

09:06

165

Големина на фонт

а а а

Со покачувањето на платите граѓаните може да купат 2 килограми домати, 2 килограми краставици, табла јајца и 4 литри бензин, велат од СДСМ.

Партијата го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека секојдневно ги лажел граѓаните дека владата нешто следи и дека немало потреба да се преземат мерки.

„Ние предупредивме дека овој раст на цените на нафтата ќе повлече и ќе предизвика раст на цените на сите основни прехранбени продукти. И тоа се случи. Поскапува лебот, веќе се поскапени зејтинот, јајцата, млекото, пиперките, доматите, овошјето….Поскапувањата се од 5% па се до 300% кај овошјето и зеленчукот. Граѓаните веќе едвај врзуваат крај со крај. Секое одење во маркет е нов шок. Сега ниту 600 евра не се доволни за граѓаните да ја надминат кризата, а сегашното минорно зголемување на миналната плата од 1.667 денари нема вредност. Со покачувањето на платите граѓаните може да купат 2 килограми домати, 2 килограми краставици, табла јајца и 4 литри бензин. Толку“, велат од СДСМ.

Опозицијата го прашува Мицкоски уште колку треба да поскапи лебот за конечно владата да преземе мерки?