Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
во периодот од 07:30 до 15:30 часот, дел од улицата Жан Жорес, РИО Кафе во Илинден, Дени Интернационал, Кромберт и Шуберт во Илинден, Делта Комерц, дел од Хиподром, општина Гази Баба;
· во периодот од 08:15 до 14:00 часот, дел од булеварот Никола Карев (кај Мулти Бренд), СТОП & ГО, Момин Поток кај Рибокомерц, општина Карпош;
· во период од 09:00 до 12:00 часот дел од улицата Ваташа, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 17:00 часот, дел од улицата Костурски Херои-кај Католичка, дел од булеварот М-Лит Теодосиј Гологанов – кај АМСМ и дел од улицата Св.Кирил и Методиј кај АМСМ, општина Центар.








