[ФОТО/ВИДЕО] Снимка што разнежи многумина: Првите чекори на неодоливото поларно мече во руска зоолошка градина

Точка

01/04/2026

14:46

398

Големина на фонт

а а а

Во Зоолошката градина „Ростислав Шило“ во Новосибирск, Русија, Герда – женката поларна мечка им го покажала на посетителите своето најмало младенче.

Ова е седмо младенче по ред за парот мечки Каи и Герда, кои првпат станале родители во 2013 година. Младенчето поголемиот дел од времето го поминува во непосредна близина на мајката, која внимателно го надгледува во ограден простор покриен со снег.


Инаку зоолошката градина е една од најуспешните во одгледување поларни мечки во заробеништво, а Герда стекнала углед меѓу посетителите и стручната јавност благодарение на својата грижа за младенчињата.

Новите снимки бележат разиграни моменти на младенчето на снегот и трпението на неговата мајка додека ги прави првите чекори надвор.


Локалните негуватели потврдиле дека и двајцата се во добра здравствена состојба и дека младенчето се развива според планот.