[ВИДЕО] Рубио: Крајот на војната е на повидок

Макфакс

01/04/2026

08:42

579

Големина на фонт

а а а

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека контактите со Иран се во тек и дека крајот на војната е на повидок, нагласувајќи дека постои и можност за директни преговори. „Разменуваме пораки. Постои можност за директна средба во одреден момент. Секогаш сме отворени за тоа“, рече Рубио во интервју за Фокс њуз.

Тој додаде дека американскиот претседател Доналд Трамп нема да дозволи „лажни преговори кои служат како тактика за одложување и купување време“.

„Крајот е на повидок“

Иако не сакаше да даде конкретни рокови, Рубио рече дека крајот на конфликтот е на повидок. „Го гледаме крајот“, рече тој.

Тој исто така нагласи дека американската војска напредува кон остварување на своите цели.

„Ќе стигнеме до точка каде што нашата војска ќе ги постигне сите цели на оваа мисија и тоа го прави со извонредна ефикасност – нешто што мислам дека ќе остане запишано во историјата како една од најдобро спроведените тактички воени операции во модерното време“, рече Рубио.

Во истото интервју, тој го критикуваше и НАТО и рече дека САД би можеле повторно да размислат дали алијансата сè уште ја исполнува својата цел.