Руски воен транспортен авион се урна синоќа откако прелетал над окупираниот украински Кримски полуостров, при што загинаа сите 29 лица во авионот, објави руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.
Контактот со авионот, Ан-26, бил изгубен околу 18 часот по московско време (15 часот по Гринич), а истражителите на Министерството за одбрана работат на местото на несреќата, според министерството.
Меѓу 29-те загинати се 23 патници и шест члена на екипажот, изјави министерството за ТАСС. Не се пронајдени знаци на надворешен удар на остатоците од авионот, соопшти министерството, додавајќи дека во оваа фаза од истрагата, главната причина за несреќата е техничка неисправност.








