[ФОТО] Обожавателите воодушевени: Лана Дел Реј објави ретка фотографија од сопругот

Точка

29/03/2026

15:00

527

Големина на фонт

а а а

Пејачката Лана Дел Реј неодамна објави ретка фотографија од својот сопруг Џереми Дифрен на социјалните мрежи и со тоа разнежи многумина. Обожавателите се воодушевени од динамиката на нивниот однос.

Иако ретко зборува за својот приватен живот, пејачката сега направи исклучок, па за големиот ден, односно роденденот на својот сопруг, објави компилација од фотографии и видеоснимки на социјалните мрежи.

Како што може да се види, објавата на Инстаграм го прикажува нејзиниот сакан Џереми додека извршува различни активности.


„Среќна роденденска недела на најслаткиот маж што го познавам“, кратко напишала во описот на оваа објава на Инстаграм. Објавата на Лана предизвика лавина коментари на оваа социјална мрежа и малку е да се каже дека со овој потег разнежи многумина.

„Џереми засекогаш“, „Изгледа толку среќно и задоволно покрај својот ловец на крокодили“, „Ве обожаваме“ се само дел од коментарите…



Потсетуваме, тие се венчаа во 2024 година во Луизијана, во местото Де Алемандс и за тоа имаат посебна причина.

Лана и Џереми сакале тоа да биде токму во заливот каде што тој работи како туристички водич и каде што ги води своите популарни тури со брод низ мочуриштата.


Интересно е и тоа што самата венчавка била под шатор и не толку гламурозна, со оглед на тоа што Лана  заработува милиони од музиката, а нејзиниот имот се проценува на 30 милиони долари.