Трилече или колачот од три вида млеко и карамела е толку вкусен и сочен што нема да можете да му одолеете.
За овој рецепт ви се потребни 45 минути, а од истиот излегуваат 12 порции.
Потребни состојки:
- 8 јајца
- 5 лажици шеќер
- 10 лажици брашно
- 1 лажичка прашок за печиво
- 300 мл. млеко
- 100 мл. слатка павлака
- 300 мл. шлаг
- карамел (200 грама шеќер + 100 грама путер)
Подготовка:
1. Одвојте ги жолчките од белките во два поголеми сада.
2. Изматете ги жолчките пенесто со 5 лажици шеќер, додека смесата не побели.
3. Потоа изматете ги и белките во цврст снег.
4. Во жолчките додадете го просеаното брашно, заедно со лажичка прашок за печиво. Сè измешајте со миксер.
5. Со лажица полека додавајте ги белките во таа смеса и нежно мешајте - рачно.
6. Добиената смеса истурете ја во плех и печете 20 минути на 180 степени Целзиусови.
7. Прелијте со 300 мл. млако млеко измешано со слатка павлака.
8. Потоа изматете шлаг па премачкајте го одозгора.
9. Карамелот направете го така што во загреан сад ќе растопите путер и шеќер и ќе мешате додека не добиете златна боја. Добиениот карамел прелијте го врз колачот.










