Пријава за закани, малтретирање и нелегално оружје

Макфакс

28/03/2026

16:12

181

Големина на фонт

а а а

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Д. (40) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“, „запуштање и малтретирање на малолетно лице“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 7 март 2026 година, пријавениот пред домот на својот брат упатувал закани. По пристигнувањето на полициските службеници, при преглед на лицето биле пронајдени и одземени два пиштоли и 39 парчиња муниција.

Надлежните органи продолжуваат со понатамошна постапка за утврдување на сите околности во врска со случајот.