Пријави за продажба и употреба на дрога, и управување под дејство на марихуана

Макфакс

28/03/2026

16:08

170

Големина на фонт

а а а

СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.Ш. (25) од село Банско, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.

Исто така, кривична пријава е поднесена против И.К. (26) од село Бориево, општина Босилово, за сторени кривични дела овозможување на употреба на наркотични дроги и безобѕирно управување со моторно возило.

Според надлежните, на 9 октомври 2025 година, првопријавениот му продал марихуана на второпријавениот, кој подоцна истиот ден, заедно со друго лице, ја употребил дрогата.

Под дејство на марихуана, второпријавениот управувал патничко возило, со што ги прекршил прописите за безбедност во сообраќајот.