Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Крива Паланка поднесе кривична пријава против Г.Ѓ. (58) и 17-годишник, двајцата од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.
На 4 март 2026 година, во два наврати во населбата Баглак и во село Кошари, пријавените со употреба на физичка сила и закани спречувале службени лица од Агенцијата за храна и ветеринарство Скопје при заловување, товарење и транспорт на крупен добиток, односно крави.
Според надлежните, овие дејствија претставуваат сериозно попречување на службените активности, а случајот е предаден на понатамошно постапување од страна на обвинителството.








