[ВИДЕО] Германски судија се посрамоти на „Вембли“: Угарте доби два жолти картони, но не и исклучување

Дерби

28/03/2026

12:50

208

Големина на фонт

а а а

Англија и Уругвај одиграа со резултат 1:1 на пријателскиот натпревар одигран вчера на „Вембли“, а домаќините имаа многу забелешки за главниот судија Свен Јаблонски и неговите асистенти.

Домашните репрезентативци и селекторот Томас Тухел не го криеле незадоволството од арбитражата и улогата на ВАР собата, а она што го правеше германскиот судија е неочекувано за натпревар меѓу овие репрезентации на ова ниво.

Роналд Араухо не доби ни жолт картон за грубиот старт над Фил Фоуден, поради кој фудбалерот на Манчестер Сити мораше да ја напушти играта, а уште поголем циркус беше направен со Мануел Угарте.

Уругвајскиот репрезентативец доби два жолти картони, но не и црвен по автоматизам, а судиите се обиделе да ја прикријат грешката со објаснување дека еден од картоните фактички бил покажан за Хозе Марија Хименез.

– Бевме информирани дека Угарте добил жолти картони, но вториот бил поништен, што е нешто ново за нас. Подоцна, дојде објаснување дека првиот картон бил за Хименез, а не за Угарте. На крајот излезе дека место два, Угарте не добил ниту еден жолт картон, – изјавил искусниот Хари Мегваер, кој му е соиграч на Угарте во Манчестер Јунајтед