Лос Анџелес Лејкерс и Денвер Нагетс водат битка за третото место во западната конференција, а утринава на различен начин стигнаа до посакуваната цел.
Денвер ја победи Јута, враќајќи се од минус 13 во последниот период, благодарение на трипл-дабл учинокот на Никола Јокиќ, но и на серијата тројки на Мареј и Џонсон во последните две минути.
Српскиот центар го заврши натпреварот со 33 поени, 16 скокови и 12 асистенции, додека поентерски зад него беше Мареј со 31 поен.
Лејкерс немаа проблем со Бруклин, а Лука Дончиќ беше лидер на теренот со 41 поен. Сепак, Словенецот заработи и техничка грешка, негова 16-та сезонава, со што веројатно ќе биде суспендиран за дуелот со Вашингтон.
Индијана – Л.А. Клиперс 113:114
Бостон – Атланта 109:102
Кливленд – Мајами 149:128
Мемфис – Хјустон 109:119
Оклахома – Чикаго 131:113
Торонто – Њу Орлеанс 119:106
Денвер – Јута 135:129
Голден Стејт – Вашингтон 131:126
Портланд – Далас 93:100
Л.А. Лејкерс – Бруклин 116:99







