Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „Куба е следна“, за време на говор во Мајами, но веднаш додаде „правете се дека тоа не сум го кажал“.
Тој не објасни што точно значи тоа, но нагласи дека Куба е во тешка економска состојба и на раб на колапс. Во исто време, неговата администрација веќе води разговори со дел од кубанското раководство, а Трамп не ја исклучи ни можноста за воена опција.
Кубанскиот претседател Мигел Дијас-Канел потврди дека се водат разговори со САД со цел да се избегне конфликт.
Кризата во Куба дополнително се продлабочува откако Венецуела ги прекина испораките на нафта, што сериозно го погоди снабдувањето со енергија во земјата.
Трамп претходно изјави дека е можно и „пријателско преземање“ на Куба, но подоцна додаде дека „можеби нема да биде пријателско“








