Израел: Ја погодивме главната иранска постројка за проектили и мини

Макфакс

27/03/2026

09:28

226

Големина на фонт

а а а

Во својот последен воен извештај, израелската војска објави дека во воздушни напади го погодила главниот ирански погон за производство на ракети и поморски мини во централниот град Јазд.

Според тврдењата на израелската војска, станува збор за локација клучна за иранското „планирање, развој, составување и складирање напредни проектили наменети за лансирање од крстосувачки платформи, подморници и хеликоптери“ од страна на Иран.