Рубио: Напредок во контактите со Иран, Ормускиот теснец е клучен

Макфакс

27/03/2026

09:00

152

Големина на фонт

а а а

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека е постигнат одреден напредок во комуникацијата со Иран преку трети земји, но дека процесот на преговори е сè уште во тек и додаде дека кризата во Ормускиот теснец би можела брзо да се реши ако Техеран престане да го загрозува светскиот поморски сообраќај.

СветРубио: Напредок во контактите со Иран, Ормускиот теснец е клученОбјавено пред 5 минути - 27 март, 2026Од В. Ј. / Макфакс

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека е постигнат одреден напредок во комуникацијата со Иран преку трети земји, но дека процесот на преговори е сè уште во тек и додаде дека кризата во Ормускиот теснец би можела брзо да се реши ако Техеран престане да го загрозува светскиот поморски сообраќај.

„Постојат земји кои пренесуваат пораки и постигнат е одреден, конкретен напредок“, рече Рубио, додавајќи дека тоа е „континуиран и променлив процес“ за кој Вашингтон нема јавно да преговара, според соопштението од американскиот Стејт департмент. На прашањето за можноста за директни преговори со Иран, Рубио рече дека е прерано за такви проценки.

„Ќе видиме како ќе се развива ситуацијата, не сакам да го прејудицирам исходот“, рече тој. Зборувајќи за ситуацијата во Ормускиот теснец, Рубио истакна дека морскиот премин би можел брзо да биде целосно отворен ако Иран престане да ја загрозува меѓународната пловидба.

„Теснецот би можел да биде отворен уште утре ако Иран престане да го загрозува глобалниот превоз, што е кршење на меѓународното право“, рече Рубио. Тој додаде дека стабилноста на таа поморска рута не е само во интерес на Соединетите Американски Држави, туку и на целата меѓународна заедница, имајќи ја предвид важноста на преминот за снабдување со енергија.

Според него, неодамна е забележано делумно закрепнување на протокот на енергенти низ теснецот, но сепак под очекуваното ниво. Рубио нагласи дека се очекува поголем ангажман од партнерите во решавањето на кризата, оценувајќи дека земјите што зависат од таа насока имаат директен интерес да придонесат за неговата безбедност.