Нема голови по првото полувреме во натпреварот меѓу Данска и Македонија.
На „Паркен“ стадионот во Копенхаген, Данска доминира, засега Македонија успеава да се справи со притисокот.
Данците и покрај доминацијата не створија чиста шанса за гол, меѓутоа статистиката е апсолутно на нивна страна.
Две третин од времето топката е кај Данците, тие изведоа седум корнери, наспрам два колку што изведе Македонија, а односот на ударите кон голот е 13-0.
Од тие 12 удари пет одеа во рамките на голот, што го брани Столе Димитриевски.








