Костадиновска-Стојчевска до Љутков: Ќе земат ли мартовска плата вработените во култура според колективен договор?

Макфакс

26/03/2026

19:26

141

Големина на фонт

а а а

Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на собраниската седница за пратенички прашања упати остри критики до министерот за култура Зоран Љутков, обвинувајќи го за недоследности во одговорите, непознавање на документите што ги потпишува и непочитување на законските обврски. Таа упати прашање до министерот дали вработените во културата во март ќе земат плата вработените според колективен договор?

„Министре, упорно продолжувате да не знаете што одговори се праќаат во ваше име до Собранието на пратеничките прашања и што потпишувате. Имено, на моите три пратенички прашања поставени на 12.06.2025 година за тоа кој е државен секретар во министерството кое вие го раководите, иако бевте присутен на самата седница, сепак добив писмен одговор на 27.02.2025. Рокот за одговор на пратенички прашања е десет дена согласно Деловникот, член 43 став 2.И да го занемариме рокот во којшто службите ви одговориле е дека во периодот од 22.05 до 26.05.2025 година Министерството за култура немаше именувано лице на позицијата државен секретар во Министерството за култура и туризам. Јас, министре, овде го имам документот од 19.05, каде што лицето коешто ви беше државен секретар вие го разрешувате од државен секретар, а на 28.05 ја унапредувате истата личност. Значи, уште не е државен секретар и во тој период во којшто ви го напишале службите во пратеничкото прашање, каде што таа работи и функционира како државен секретар, што значи имала средби на разни настани, средба со амбасадор на соседна држава и е дел од делегацијата во Ватикан.

И како врв на ова, со пратеничкото прашање коешто го потпишавте и го пративте до Собранието, вие давате одговор дека нешто не ви е во ред со датумите и со документацијата. Овие документи, министре, и овие објави се направени од вас, потпишани од вас, од вашата администрација. И за разлика од вас, јас имам кај мене документи коишто се ваши, не како вие што правите на вашите прес-конференции каде што мавтате со документи од друг министер пред вас. Нема потреба, како јуни минатата година, да повикувате веднаш компјутерски криминал да истражува како излегле овие документи. Доволно е само да читате што потпишувате и да се грижите повеќе за вработените, наместо да ги казнувате“, рече таа.

Пратеничката упати прашање до министерот како планира и што планира да направи за да го заштити Курбиново со 20.000 денари за 2026 година.

Костадиновска – Стојчевска упати и прашање до каде се Законот за култура. Таа кажа дека Стратегијата за култура била објавена денеска после скоро две години на веб-страницата на министерството и на ЕНЕР. Го праша и кој е еден стратешки закон којшто Љутков го сработил за скоро две години?

Пратеничката постави прашање и за мартовската плата.

„И третото прашање: Дали вработените во култура ќе ја земат мартовската плата по упатството што денес пак го пративте, потпишано само од вас, или по Општиот колективен договор, согласно член 14 став 1?“, праша таа