ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бега од седницата за пратенички прашања, вакви политички кукавици немало во досегашната историја

Макфакс

26/03/2026

20:17

138

Големина на фонт

а а а

Филипче бега од седницата наменета за пратенички прашања, а партијата си пушта соопштенија што кажал Мицкоски на седницата, вакви политички кукавици немало во досегашната историја на политиката, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ во кое обвинија дека премиерот, Христијан Мицкоски, му делел задачи на новиот јавен обвинител.

„Од СДС никако да го вклучат или употребат мозокот. И така, секојдневно и постојано повторуваат глупости. Денес нивниот претседател Венко Филипче ја напушти седницата на која се поставуваа пратенички прашања, ама партијата која ја води си пушташе соопштенија за што се зборувало на седницата во кој најблаго кажано клеветат. Во соопштение пишуваат што кажал Христијан Мицкоски. Зошто не кажаа на седница, на пример. Како и да е покажаа дека се кукавици, Филипче бега од седница, од партијата објавуваат соопштенија за седницата. Челниците во СДС научиле само еден филм. Сценариото на нивниот филм има за цел да се напаѓа по ред што се што во моментов се прави за граѓаните. Сега, за денешното бегство на Филипче, и за соопштението од СДС за изјавата на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ кој наводно според соопштението давал задачи на новиот обвинител. Да им укажаме на СДС една работа. А тоа е, ако тие наредувале што да прават правосудните органи не значи дека го прават и други“, пишува во реакцијата.

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, се додава во реакцијата, кога станува збор за оваа трета самостојна власт сака и прави што е во негова надлежност за истата да делува професионално спроведувајќи ги законите.

„Така да пораката за СДС е, ако вие контролиравте се, немојте да мислите дека и другите се како вас. Или еве појасно за да разберат во СДС, нека не им го припишуваат на другите тоа што тие го правеле. Денес на дело покажаа само кукавичлок“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.