Да бидеш побрз од своите ривали значи да имаш подобри шанси за победа. Ова може да биде правило и општо за животот, но е особено точно за Даниел Глигоров (познат и како dan1) и за неговата кариера како гејмер. Во гејмингот, дури и најмалото доцнење или пак оној озлогласен „лаг“ може да ја направи разликата помеѓу успех или неуспех.
„Секое започнување на нова партија е како започнување нов живот. И знам дека секој гејмер го доживува така, бидејќи ние сакаме да се соживееме со играта за да го направиме влогот поголем со цел да го извадиме најдоброто од себе. Поради ова ни е потребен стабилен и брз интернет со мала латенција, со кој ќе бидеме сигурни дека играта ќе зависи само и единствено од нашето ниво на подготвеност и вештина“, вели гејмерот Даниел, кој има земено учество на повеќе натпревари во Counter Strike.
Кога се работи за интернетот, Даниел сега знае дека зад себе ги има гигабитните брзини на најдобрата мрежа во земјата благодарение на новата Magenta 1 Unlimited – која го прави гејминг искуството подобро, а уживањето неограничено. Без сецкање, без кочење и без „лагирање“. Сега, неговиот успех го дефинира само неговата вештина.

„Почнав да гејмам безгрижно, без да размислувам дали интернетот е бавен и дали ќе ми падне ping-от бидејќи со мрежата на Телеком тоа повеќе не е дилема. Притоа, можам да гејмам од било каде во домот затоа што со WiFi Booster-от сигналот е засилен и секоја соба добива стабилна и подеднаква интернет конекција“, додава Даниел.
Во светот на професионалниот свет на гејмингот, каде што времето на реакција е сведено на милисекунди, брзината на мрежата и малата латенција играат голема улога во финалниот исход. Под совршени услови, играчите не мора да се грижат дали интернетот бил бавен, дали поради латенцијата нивната веќе направена одлука ќе има „delay“ во самиот „game engine“ и дали некој, некаде во светот, ќе има предност во однос на нив само поради постабилниот и побрз интернет. Сето ова е овозможено со Magenta 1 Unlimited на Македонски Телеком, што не е само ново портфолио, туку нов начин на поврзување и комуникација.
Комерцијален текст








