Кац: Убиен командантот на иранската морнарица кој го затвори Ормускиот теснец

Макфакс

26/03/2026

12:54

204

Големина на фонт

а а а

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес изјави дека командантот на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), Алиреза Тангсири, е убиен во израелски напад.

„Израелските одбранбени сили (ИДФ) го елиминираа командантот на морнарицата на ИРГЦ, лицето директно одговорно за терористичката операција на поставување мини и блокирање на Ормускиот теснец за поморски сообраќај“, рече Кац, според „Тајмс оф Израел“.

Тој додаде дека нападот бил „порака“ до ИРГЦ дека ИДФ ќе ги „лови и ќе ги елиминира“ еден по еден.

„Ќе продолжиме да дејствуваме во Иран со полна сила за да ги постигнеме целите на војната“, додаде Кац.

Според израелските власти, Тангсири бил цел во иранскиот пристанишен град Бандар Абас додека се состанувал со високи поморски команданти на ИРГЦ.

„Ќе продолжиме да дејствуваме во Иран со полна сила за да ги постигнеме целите на војната“, додаде Кац.